Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2017 во општина Охрид издадени се 9 одобренија за градба, од кои 7 на физички лица и две на деловни субјекти, а вредноста на објектоте кои треба да се градат се проценува на 98 794 000 денари. Во истиот приод во општина Струга издани биле 3 одобренија за градба со проценета вредност од 91 747 000 денари.

На подрачјето на целата држава во истиот период се издадени 368 одобренија за градење што е за 39.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. 

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 260 686 илјади денари што е за 69.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 226 (61.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (11.1%) за објекти од нискоградба и 101 (27.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 368 објекти, на 248 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 120 (32.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47 421 м2.

OhridNews