Вчера, околу 15 часот во струшко Калишта, од страна на жител кој изведувал земјоделски работи била пронајдена една рачна бомба.

Од страна на екипа од Антитероризам од СВР-Охрид излезено е на лице место, при што е утврдено дека се работи за стара рачна бомба од непознато потекло, со завртувач со ударна игла која била кородирана, но можно е истата да е активна.

Бомбата е подигната за понатамошна постапка.

OhridNews