Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, во 14.15 часот во нива, поточно во каналот за наводнување во атар на село Калишта, струшко, на место викано „Фазлица“, била пронајдена кумулативна мина за ракетен фрлач.

Увид на  местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струга. Од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување мината била безбедно подигната.

OhridNews