Во Полициската станица Струга, вчера попладне, било пријавено дека во Вевчани, при чистење на одводен канал, била пронајдена една рачна бомба со непознато потекло од Втора Светска Војна и една кесичка со барут.

Од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, рачната бомба била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.