12 општински здруженија на глуви и наглуви лица со 14 екипи од државава, денеска на каналот „Студенчишта“ се натпреваруваа во спортски риболов. Во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, натпреварувачите, меѓу кои и 4 поединци во женска категорија, ги покажаа своите умешности во дисциплината „лов на риба со јадица на пливка“.


Од локалното здружение на глуви и наглуви лица не иформираа дека настанот се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември. „Оваа година, одлучивме овој празник да го одбележиме на малку поинков начин. Спортот е она што не спојува сите нас, па затоа одлучивме ова пријатно време во Охрид да го искористиме токму на спортско ниво. Настанот е со натпреварувачки карактер, а ќе следат пофалници и награди за најдобрите“ – истакна Славица Стефановска од Здружението на глуви и наглуви лица – Охрид.


Инаку, вечерва со почеток од 20 часот во Хотелот Далјан, свечено ќе бидат доделени признанијата за најдобрите.

OhridNews