Во текот на вчерашниот ден во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања –Охрид, се одржа едукативен настан за нови, современи методи во третман на хронична венска инсуфиенција во организација на „Medtronic“.
Нашата установа е единствена јавна здравствена институција која 11 години во континуитет работи редовен програм со ендоваскуларните процедури на варикозни вени со радиофрекфентна аблација, а програмот од скоро е збогатен со нетермална ендоваскуларна процедура – Vena Seal – едно од поновите решенија во третманот, велат од Кардиолошкиот центар во Охрид.
Додаваат дека д-р Никола Бакрачески како официјален едукатор на “Medtronic„ во тандем со д-р Марија Зимбова и останатите членови на тимот кој работи на одделот за RFAV во институцијата низ теоретски интерактивни предавања и низ систематизиран програм на совладување на практични вештини кај претходно селектирани пациенти, на кои им беа изведувани и двете техники, ги пренесе сите важни аспекти на оваа метода.
На настанот присуствуваа лекари од повеќе здравствени институции од државата, како и министерот за здравство д-р Беким Сали, кој ја потенцираше важноста на едукацијата и промоцијата на нови ефикасни методи ви третманот на RFAV.
OhridNews













