Против три лица од струшкото село Радолишта поднесени е кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“. Како што информираат од министерството за внатрешни работи, пријавените на 10-ти август по претходна расправија во домот на жител на Радолишта, а во врска со дрва кои биле оставени на имотот од пријавителот, физички го нападнале лицето,  неговата сопруга и неговите две деца.

За да не заврши нападот со поголеми последици, интервенирале соседите. Се преземаат мерки и активности за расветлување на кривичното дело.

OhridNews