Спасувачките служби трагаат по 19 лица кои се заробени во урнатините откако хотелот кој служел како карантин за заболени од корона вирус во градот Кванжу, Источна Кина, се срушил, јавуваат светските агенции.

Во хотелот имало 67 луѓе, од кои 48 се спасени.

Според очевидци хотелот се срушил за само неколку секунди. Причините за уривањето на објектот, заасега се непознати, но Кина е позната по вакви случаи последните години. Во 2016 година 20 мигранти загинаа откако се урна комплекс мали згради во Венжу, а минатата година во Шангај се урна комерцијален објект кој се реновирал, при што загинаа 10 луѓе.

OhridNews