Во понеделник, во Корча, Албанија официјално ќе се изврши Инаугурација на Прекуграничниот Биосферен Резерват на УНЕСКО . На настанот ќе присуствуваат високи владини преставници , преставници на Парламентите, преставници на Општините , на УНЕСКО, ЕУ  и дипломатскиот кор. Пред присутните се очекува да се обратат заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО.

Притоа преставниците на Националните Комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста.

Донесовме нова и врвна вредност за иднината на регионот Охрид Преспа . Ова е историски важна вредност за која ќе се учи и која ќе се практикува од наредните генерации и од неа треба да ги црпиме и еколошката заштита и одржливиот развој во регионот, вели Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско Езео.

Паралелно со настанот на главната улица во Корча ќе се одвива презентација на производи од Биосферниот резерват, а штандови ќе имаат и Националните Паркови од Македонија, производители на земјоделски производи и производители на вино , како поддршка на туристичката промоција и значење на Биосферниот резерват.