На 13-ти октомври, во Корча, Република Албанија ќе се одржи Инаугурацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.
Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „ Човек и биосфера“ (МАБ), на 26-тиот состанок одржан во Јончепинг во Шведска, во јуни годинава кога истиот беше прогласен за 14- ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот.
Официјалното предавање на Сертификатот потпишан од страна на генералниот директор на УНЕСКО ќе се одржи во присуство на претставници на владите на Република Македонија и Република Албанија, преставници на националните парламенти, општините, преставници на дипломатскиот кор, на меѓународните организации, претставници на локалните засегнати чинители, како и претставници на Унеско.
OhridNews