Поднесена е кривична пријава за 52-годишен жител на струшкото село Корошишта, во чија фирма биле пронајдени пластеници со канабис.

„На 23-ти август оваа година, при извршен претрес на фарма во атарот на селото Корошишта, под пластеници од најлонски фолии пронајдени се 10 стебла со висина од 2,5 метри од растението Cannabis. Садниците, кои биле засадени покрај останатите земјоделски култури во фармата, сопственост на сега пријавениот, се одземени по што е извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје“, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Кривичаната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

OhridNews