Во ковид центрите во Охрид се лекуваат 144 пациенти со Ковид 19
03.04.21 11:53
Притисокот врз здравствениот систем кој повеќе од една година се бори со коронавирусот Ковид 19, не попушта. Третиот бран во Охрид секојдневно носи по неколку десетици новозаразени. Дел од нив со потешка здравствена слика, завршуваат на болничко лекување.
Според денешните информации, во ковид центрите во Охрид се лекуваат 144 пациенти со Ковид 19. Во Општата болница Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, додека во ковид центарот во Кардиолошкиот завод во Охрид во моментов се лекуваат 34 пациенти со Ковид 19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1684 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Слободни се околу 230 кревети.
Реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“ се реализирани изминатиот период, информираат од Општина Охрид Пос...
Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот ќе се одржи во сабота, 8 ноември Маршот ќе започне во 10 часот во близина на неговиот дом...
На 05112025 во 22:18 часот во СВР Охрид е пријавено дека во зграда во Охрид, едно лице физички нападнало 33-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.