Како што налага традицијата на прославата, се беше во знакот на портокаловата боја- облеката на домаќините, бројните балони, но и тортата која беше пресечена во присуство на бројните гости, меѓу кои и охридскиот градоначалник Александар Петрески. Домаќин на забавата беше амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Симоне Филипини која потенцира дека 30- ти април , Денот на холандската кралица, има особено значење за холанѓаните.
– За вас можеби е малку невообичаена прославата, со оглед на тоа дека Македонија не е кралство. Но, за нас Денот на кралицата е особено значаен. Денес сите во Холандија се облечени во портокалова боја и тоа го означува националното единство, денот кога сите сме единствени, кога се сакаме, почитуваме и уживаме во меѓусебното дружење. Исто така, тоа е ден кога некои луѓе многу заработуаваат, но исто така и трошат. Минатата година, на Денот на холанската кралица, во Холандија од продажбата на сувенири, пијалоци, беа заработени околу 200 милиони евра, за што придонесува и фактот што на 30- ти април трговците се ослободени од плаќање данок. Прославата е и туристичка атракција, кога во Холандија доаѓаат голем број туристи само за овој ден, вели Филипини.
Зошто и годинава Денот на холандската кралица се одбележува во Охрид- Филипини вели- затоа што за мене и за холандскиот народ Охрид има посебно значење.
– Охрид е значајна дестинација за холанѓаните, поагајќи од Аден Долард и неговата книга чија приказна е лоцирана во и околу Охрид. Холанѓаните во минатото често го посетувале Охрид. Сега ние се обидуваме тоа да го возобновиме, и повторно да ја актуелизираме таа приказна на Долард . Ме радува најавата дека летово во Охрид се очекуваат голем број холандски туристи, многу повеќе од минатата година, додава амбасадорот Филипини.
– Денешната забава е доказ повеќе за врската помеѓу Охрид и Холандија, односно холандските туристи кои на 6- ти мај ги очекуваме да пристигнат во Охрид. Тогаш ќе биде организирана уште поголема забава, која ќе започне на охридскиот аеродром, каде ќе пристигне првиот авион со холандските гости оваа сезона, вели Антонио Балески, од Локалната самоуправа.