Во акција на Одделението за наркотици при Секторот за внатрешни работи од Охрид, во приватна куќа во градот се откриении 20 килограми опојна дрога, марихуана.

Во врска со случајот во охридската полиција се приведени две лица, против кои по завршување на истрагата ќе бидат покренати соодветни пријави.

Повеќе детали за акцијата МВР ќе соопшти во текот на денот.

OhridNews