Ќе бидат изложени околу 30 фотографии, со димензии 30×40 цм. на бело паспарту, фотографирани на различни локации во Охридското Езеро.
Фотографиите се резултат на многубројни нуркања направени во текот на 4 години на повеќе атрактивни локации.
– Идејата произлезе од фактот дека малкумина ги виделе подводните убавини и од воодушевувањето на истите кога ќе погледнат ваква фотографија, како и од фактот дека ова ќе биде една од првите изложби на подводна фотографија во Македонија, велат организаторите на изложбата.