Две непознати лица вчера попладнето го симнале државното знаме од јарболот во центарот на Куманово. На негово место е поставено албанско знаме на половина копје. Кумановци велат дека се работи за намерна провокација, пренесува А1он, јавува „Макфакс“.

Пратеникот од Куманово од редовите на СДСМ Максим Димитриевски реагираше од собраниската говорница и побара да престанат сите јалови дискусии и игри кои потпируваат тензии и омраза. Тој на ФБ напиша: „Некој самопрогласен “патриот” кој не и мисли добро на Република Македонија се поигрува со чувствата на граѓаните. Апелирам до надлежните веднаш да го расчистат случајот, да го пронајдат сторителот и да го истакнат државното знаме на јарболот во центарот на Куманово“.

Инцидентот го осудија политичките партии.

ВМРО ДПМНЕ бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој што се гази врз македонското национално достоинство, додаваат од партијата.

-Го осудуваме симнувањето државното знаме на Македонија од јарбол во центарот на Куманово. Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се-, изјавија од СДСМ.

ОhridNews