По низа опомени и предупредувања, Советот на Месната заедница Куратица одлучи да преземе ригорозни мерки кон оние жители во селото кои не ги плаќаат сметките за потрошена вода.


– И по сите испратени писмени известувања и опомени , неплаќачите и понатаму остануваа неми , па затоа советот на месната заедница почна со исклучување на нивните куќи од водоводниот систем, што ќе продолжи и во текот на наредните денови, објаснува претседателот на месната заедница Горан Ангелоски.

Оние жители кои ќе  бидат исклучени од системот за водоснабдување ќе бидат тужени , а за повторно приклучување ќе треба да ги надоместат направените трошоци , за исклучување и повторно уклучување , како и судските трошоци, напоменуваат од месната заедница.

OhridNews