Актуелните настани и безбедносната состојба во струшкото село Лабуништа- е тема на  состанокот кој во организација на Секторот за внатрешни работи- Охрид ќе се одржи денес со советодавната група граѓани од селото.

На средбата која е предвидено да започне во 19 часот, ќе биде направен пресек на актуелните настани и состојби, а ќе бидат изнесени мерките и заложбите на полицијата за сеопфатно и законско делување во нивното решавање. Средбата со советодавната група граѓани од Лабуништа, која има превентивен карактер, има за цел да придонесе за враќање на меѓусебната доверба, определбата за соработка и издигнување на повиско ниво на севкупната безбедносна состојба во Лабуништа и пошироко, зачувување на мирот, односно елиминирање на сите облици и форми на нарушување на јавниот ред и мир и други облици на асоцијално и насилно однесување.

Средбата со советодавната група граѓани, ќе биде искористена и за дискусија со жителите на Лабуништа и Боровец, договарање на мерки и градење стратегија за превенција на насилството како модел за решавање на недоразбирањата и отворените прашања. 

Средбата ќе се одржи во просториите на невладината организација „Икре„ . На неа покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат и претставници од црковните и џамиски одбори од Лабуништа и Боровец, советници од Лабуништа во советот на општината Струга, претставници на ОБСЕ,  невладини организации и заинтересирани граѓани.

OhridNews