Неколку стотини верници, граѓани на Охрид, присуствуваа на богослужбата по повод празникот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, што се одржа кај истоимената мала црква  во месноста Лагадин крај Охрид.


Традиционално беше осветена празничната софра и вода, а граѓаните трпеливо во редици чекаа да запалат свеќа во малата црква. Во Лагадин дојдоа и голем број охриѓани и охриѓанки кои ги носат имињата на маченичките. Тие по десети пат на отворено ги прославија своите имендени.


Малата црква во Лагадин посветена на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж, по повод 2000 години од христијанството во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој средствата кои се собираат во црквата на овој ден ги донира во хумани цели.

OhridNews