Голем број верници и граѓани присуствуваа на одбележувањето на празникот посветен на маченичките Љубов, Вера Надеж и нивната мајка Софија кај истоимената црквичка во месноста Лагадин покрај Охридското Езеро.

По повод празникот се одржа литургија, се светеше вода и погача, по што, традиционално, граѓаните кои го носат името на светите маченички заеднички го прославија именденот наздравувајќи со чашка ракија и вино.

Традицијата на одбележување на празникот Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин започна во 2000 година, кога беше изградена малата црква од страна на охриѓанецот Љупчо Патче.

Од година во година се повеќе се слави овој празник. Во Охрид секој камен е свет, не само ова место, туки целиот град од кај и да влезеш во него.-рече Љупчо Патче.

Секоја година ктиторот на црквата во Лагадин собраните средства од празникот ги донира во хуманитарни цели.

Г.М.