Голем број верници присуствуваа на црковно народниот собир што по повод одбележувањето на празникот посветен на  великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж, се одржа вчера во населбата Лагадин. Во истоимената мала црква се одржа богослужба, по што верниците се почестија од трпезата пригодно подготвена за денот. 

Црквата во Лагадин во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче, кој веќе единаесет години ја негува оваа убава традиција, а собраните средства од верниците ги донира за помош на болни и изнемоштени лица, и во други хуманитарни цели.


11 години верен на традицијата – Љупчо Патче

OhridNews