Голем број верници присуствуваа на неделната богослужба што се одржа во малата црквичка посветена на Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во населбата Лагадин крај Охрид, со која беше одбележан празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки.

Црквата во Лагадин во  2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патчев, од кога започнува оваа убава традиција. Парите кои верниците ги оставаат во црквичката, тој ги  донира за помош на болни и изнемоштени лица, и во други хуманитарни цели.


Љупчо Патчев во 2000 година ја изгради малата црква во Лагадин

OhridNews