При обавувањето на своите тековни активности за подигање отпад на подрачјето на село Лескоец, вчера ,четворица вработени во јавното претпријатие биле нападнати од страна на четири лица.


Имено, по вербалната расправија која му претходела на немилиот настан, специјалното возило за подигање отпад било попречено со комбе од кое излегле четири лица кои со метални шипки ги нападнале вработените од ЈП Комуналец. При тоа, го оштетиле специјалното возило за подигање на отпад, а еден од вработените се стекнал со тешки телесни повреди. Побарана е интервенција од полицијата, при што е утврдено дека двајца од напаѓачите биле во алкохолизирана состојба.

СВР- Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор случај, во период од еден месец, вработени од ова јавно претпријатие да бидат нападнати обавувајќи ја својата службена должност.

OhridNews