Во организација на резервните офицери на Република Македонија и општинската организациона единица „Благојче Крстаноски“ Охрид, утре, 7-ми април, во селото Ливоишта, со почеток во 11 часот, ќе се одбележи годишнината од загинувањето на професионалниот војник Благојче Крстаноски. Во негова чест ќе биде откриено спомен обележје.
На присутните се очекува да им се обрати претседателот на ОРОРМ Проф. Д-р Ѓорѓи Малкоски, а ќе се изврши и доделување на признанија.












