Во мај во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение. Уписите ќе траат до крајот на месецот односно 31 мај. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
Училишата во Охрид веќе ги објавија известувањата во кои точно се наведени сите потребни документи и условите за упис на учениците во прво одделение.
По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Минатата 2024 година образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Охрид го започнаа 435 првачиња, додека во 2023 – 445 првачиња.
Најголема бројка на запишани првачиња, сепак, се бележи во учебната 2022/2023 кога образовниот процес го започнаа 523 првачиња.
Низ годините наназад податоците говорат дека во учебната 2021/2022 се запишале 504 првачиња, во учебната 2020/2021 биле запишани 480, додека во учебната 2019/2020 биле запишани 483 првачиња.
Во четврток, 24 септември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски о...
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица Во животот на христијаните, посебно значајно место зазема ликот на Пресве...
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло со повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме про...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.