Здружението на интернационални фолклорни фестивали “ИФФОМ” во соработка со КУД “Охриѓанка” во Охрид организираат фестивал “ОХРИД ОТВОРЕН”, кој ќе се оддржи на 02 и 03 мај, во Центарот за култура “Григор Прличев” со почеток во 19ч.

Фестивалот “ОХРИД ОТВОРЕН” се оддржува за прв пат оваа година и има за цел да ја промовира македонската традиција, како и да ја презентира различната интернационална култура, преку шареноликите песни и игри, информираат организаторите.

OhridNews