Според податоците на министерството за транспорт и врски, во месец мај споредено со истиот период минатата година, на охридскиот и скопскиот аеродром  забележано е зголемување на бројот на превезени патници.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во текот на месец мај се регистрирани 7.559 патници, што во однос на 6.770 патници кои биле регистрирани во истиот период минатата година, претставува зголемување за 11.7%.

На двата аеродрома  „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 74.784 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 65.871 патници што претставува пораст од 13.5 %.
 
Од министерството потенцираат дека по реализирање на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Со воведувањето на предвидените нови директни дестинации од аеродромот во Скопје по нискотарифни цени, се очекува дополнително зголемување на бројот на патниците.

OhridNews