Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 на ниво на Македонија биле издадени 194 одобренија за градење што е за 7.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 849 517 илјади денари што е за 236.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Во општина Охрид во мај биле издадени две одобренија за градење и тоа на физички лица.Во општина Струга,во мај, одобренија за градење добиле шест физички лица.

OhridNews