Државниот инспекторат за труд во контролата што била извршена од 24 септември до 18 октомври затекнал 2.408 лица без договори за работа. Инспекторатот донел 843 решенија за забрана за работа на работодавачот, и поднел вкупно 719 барања за поведување на прекшочна постапка.
Според Сојузот на синдикатите – ССМ, изнесените податоци од страна на Државниот инспекторат не соодветствуваат на реалната слика. „Бројот на непријавените работници во Македонија е над 100.000“, изјави во Охрид, Драган Јовановски, раководител на Секторот за заштита на човекови права во ССМ. Според него причина за работењето на црно е Законот за работни односи, бидејќи новите измени во него не го решават овој проблем. Од тие причини ниту инспекторатот, ниту судовите не ќе можат брзо да ги решаваат пријавите, вели Јовановсски.
За Јовановски несфатливи се измените во Законот со кои се предвидува казна од 1000 евра за работникот доколку не го пријави работодавачот ако тој не му ги плаќа придонесите.
-Тоа е катастрофално решение. Не може работникот да поднесува пријави, затоа што во истиот момент тој ќе добие отказ. Инспекторот за труд треба да има податоци за секое претпријатие во колку смени работи и со колкав број работници, а не да ги брка работодавците по улица и во дуќани, а работниците да се кријат од нив, вели Јовановски. Ова прашање мора институционално да биде решено и тоа со Законот за работни односи, кој треба да е резултат на социјален дијалог кој сега не постои, додава Јовановски.
ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за некогашната Касарна “Михајло Апостолски” во чии рамки од 1-ви септември 2025 година ќе започне со работа основното училиш...
На 21052025 во 0110 часот во сЈанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен лишија од слобода 35 годишно лице од сРадолишта, струшко При...
Видеото „Naten e mire/Добра Ноќ“ на бендот Elita 5, во продукција на „Sustain Production“ од Охрид, ја освои најпрестижната награда на фестивалот „Netet e Klipit Shqiptar 2025“, што се одржа на 20 ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.