Македонската фудбалска експедиција се комплетира на местото на настанот, главниот град на Малта, Ла Валета каде в среда со почеток во 20ч. ќе го одигра последниот контролен натпревар пред квалификациските мечеви за ЕП 2012 година со домашната селекција.
– Според првите информации сите фудбалери се здрави и во добро расположение што ветува добра атмосфера и настап во овој контролен натпревар. На Малта ќе тренираме два пати. Собираме и информации за противникот кој располага со стандарден тим засилен со неколку талентирани играчи од младинската селекција. Главни ѕвезди се Мисфур, Богдановиќ.- вели селекторот Јонуз.
Пред старот на новиот европредизвик Јонуз, очекува одговорна игра на мечот кој ќе биде последниот скенер за можностите на репрезентативците.
– Без оглед на се` очекувам да одиграме одговорно , онака како што ќе треба да играме на стартот од квалификациите и пред се на резултат кој е во преден план за нас на сите натпревари, што одлично го потврдивме против Азербејџан и Романија. Значи не го потценуваме противникот, но се фокусираме на нашите фудбалери, да ја видиме нивната моментна подготвеност и да ги одбереме најподготвените и најздравите за стартниот состав со Словачка- изјави селекторот Мирсад Јонуз.
Младите македонски едриличари до 14 години стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство во едрење во класата Оптимист кое се одржа во Порторож, Словенија и собра над 280 млади натпреварувачи о...
На јубилејното 20-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ ќе учествуваат 29 екипи распределни во 8 групи На турнирот пријавени се исклучитечно силни екипи што е добра нај...
Веслачките на Горица Ремо со извонреден успех на Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, која се оддржа по 63 пат Со 5 одличја се закитија веслачките Александра Маленкоска и Исабела Димовска,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.