Македонската фудбалска експедиција се комплетира на местото на настанот, главниот град на Малта, Ла Валета каде в среда со почеток во 20ч. ќе го одигра последниот контролен натпревар пред квалификациските мечеви за ЕП 2012 година со домашната селекција.

Според првите информации сите фудбалери се здрави и во добро расположение што ветува добра атмосфера и настап во овој контролен натпревар. На Малта ќе тренираме два пати. Собираме и информации за противникот кој располага со стандарден тим засилен со неколку талентирани играчи од младинската селекција. Главни ѕвезди се Мисфур, Богдановиќ.- вели селекторот Јонуз.

Пред старот на новиот европредизвик Јонуз, очекува одговорна игра на мечот кој ќе биде последниот скенер за можностите на репрезентативците.

Без оглед на се` очекувам да одиграме одговорно , онака како што ќе треба да играме на стартот од квалификациите и пред се на резултат кој е во преден план за нас на сите натпревари, што одлично го потврдивме против Азербејџан и Романија. Значи не го потценуваме противникот, но се фокусираме на нашите фудбалери, да ја видиме нивната моментна подготвеност и да ги одбереме најподготвените и најздравите за стартниот состав со Словачка- изјави селекторот Мирсад Јонуз.

Ohridnews