Полицијата во Мароко уапси 30 лица осомничени за трговија со бебиња и уцена поради стекнување профит во Фез, град на северот на земјата.

Тој извор не го прецизираше бројот на бебиња кои биле жртви на трговија со луѓе, но наведува дека некои од уапсените се осомничени дека посредувале во продажба на новороденчиња и работеле за семејства кои сакаат да посвојат напуштени деца во замена за пари, пренесува „Фигаро“.
OhridNews










