Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2013 година изнесува 34 495, а бројот на ноќевањата изнесува 73 241.

Бројот на туристите во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е зголемен за 7.5%. Бројот на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 8.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18.4%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.6%.

Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.5%, а кај странските има зголемување за 5.9%.

OhridNews