Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70 902, од кои 22.0% се домашни туристи, а 78.0% се странски туристи. Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132 015, од кои 28.0% се од домашните туристи, а 72.0 % од странските туристи, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во март земјава ја посетиле најмногу туристи од Германија, 10 410, по што следат од Турција – 9 380, Франција – 4 648 и Грција – 4 504, посочуваат од ДСЗ.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %.

OhridNews