Фудбалерите на Лион го освоија целиот плен во дерби средбата со Монако, победувајќи го ривалот со 3-2, на стадионот „Луис Втори“. Пресметката помеѓу двата лути ривали помина во знакот на голема борба, која на крајот ја премина границата. Фудбалерите од двете екипи влегоа во клинч, на помош дојдоа лица од клупите и настана голем хаос. Целата ситуација резултираше со четири црвени картони, по два за двете екипи, а претходно гостите од Лион добија црвен картон.

Поразот на Монако значеше крај во трката за титулата во Франција, а до финишот во шампионатот ќе се борат првопласираниот Лил (76 бодови) и второпласираниот Пари Сент Жермен со бод помалку.

OhridNews