До охридската Итна помош ноќеска, по полноќ пријавени биле десеттина случаи во кои била потребна интервенција, како што велат надлежните, вообичаена бројка за новогодишните вечери.
Две лица биле донесени во алкохолизирана состојба, едно повозрасно лице и една девојка, кои потоа биле препратени на интерното одделение во Општа болница за да добијат соодветна терапија.
Пријавена била и една тепачка која се случила пред ресторан во стариот дел од градот во која е повредено едно лице.
OhridNews