Азилант вооружен со нож убил најмалку едно лице, а ранил уште петмина во напад што се случил вечерва во Париз, пренесуваат светските агенции.

Нападот се случил во дистриктот Опера во центарот на Париз. Очевидци за Франс 24 изјавиле дека во паника луѓето се криеле по околните ресторани, по што реагирала полицијата која смртно го застрелала напаѓачот.

Мотивите на нападот засега не се разјаснети.

OhridNews