Австриската полиција соопшти дека притворила 23 годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, пришто беа повредени четири лица. Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер соопшти дека осомничениот бил притворен наврзо откако 20 годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни по живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и трочленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот. Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

OhridNews

Макфакс