Најновите проценки на американското разузнување покажуваат дека до крајот на 2030-та година, Кина ќе ги надмине САД, наметнувајќи се како водечка економска сила. Сепак, извештајот објавен од Националниот разузнувачки совет, прикажува дека Американците ќе останат главен светски лидер.
Според повеќето параметри, меѓу кои бруто-домашниот производ, бројноста на населението, армиските трошоци и технолошките инвестиции, Азија ќе ги надмине Северна Америка и Европа. Во извештајот стои дека после 20 години, за прв пат мнозинството од светското население нема да живее во сиромаштија, а ќе се зголеми бројноста на средната класа.
Со зголемувањето на бројот на светското население, се очекува поголема побарувачка за ресурсите. Според извештајот, САД ќе бидат енергетски независни, додека Русија, Европа и Јапонија ќе имаат мала економска рецесија.
Идните воени дејствија според овие прогнози, и натаму ќе бидат во земјите од Азија и Блискиот Исток, а нивното снабдување со нуклеарно оружје би довело до глобални последици.
Инаку, овој извештај се објавува на секои четири години, претставувајќи ја анализата на информации собрани од американската разузнувачка заедница и експертите во светот.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...