Во организација на месната заедница Кошишта, во истоимената населба во Домот Св.Кирил и Методиј, традиционално беше одбележан денот на Сесловенските просветители.


На овој простор во минатото постоела црква која го носела името на овие светци. Постоела и школа во која учителствувал познатиот охридски војвода Христо Узунов.  Денес овој простор го разубавуваат младите фолклористи на КУД “Ѓердан” под раководство на проф. Менде Баракоски, каде секојдневно ја негуваат македонска фолклорна традиција.


   
Свеченоста започна осветување на празничниот леб во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, по што младите фолклористи со песни и ора ги развеселија присутните кои ги имаше во голем број.


Во охридската населба Кошишта традиционално одбележан  денот на Св. Кирил и Методиј

   

Лидија Цветковиќ