Основачко собрание на здружението “Свети Кирил и Методиј” се одржа вчера во просториите на Домот Свети Кирил и Методиј во населбата Кошишта.

Здружението како штo информираат иницијаторите,  ќе се залага за афирмација и практикување на православна христијанска верска култура, свечено ќе го одбележуава 24 Мај денот на Свети Кирил и Методиј,  а во план е изградба на црква – параклис во населбата Кошишта.

За претседател на здружението е избран Драган Стаматоски, а собранието ги донело и другите потребни одлуки неопходни за функционирање на З.Г. “Свети Кирил и Методиј”.

OhridNews