Во населбата Свети Стефан во Охрид, при изведување на градежни работи, вчера околу 14 часот, дошло до лизгање на земјиштето и одрон на земја, при што затрупан 49-годишен државјанин на Р.Албанија на кого од страна на лекар од Итна медицинска помош му била констатирана е смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши обдукција над починатиот во ЈЗУ Битола.
OhridNews