Од јавното претпријатие „Нискоградба“ информираат дека поради изведување градежни активности- изведба на фекална и атмосферска канализација на улицата „Абас Емин“, во недела, 7-ми октомври, за сообраќај ќе биде затворен дел од наведената улица, на потегот од кружниот ток до хотел Чинго.
Градежните работи ќе започнат од 07.оо часот и ќе траат се до завршување на истите. Местото ќе биде соодветно обележано и означено.
OhridNews












