Во недела со почеток од 21 часот во клубот Jazz Inn, охриѓани повторно ќе имаат можност да го проследат урнебесното кабаре „2 Mothers brothers” на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

Проектот на двајцата охридски актери трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, чија основа е комедијата.

Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top.

OhridNews