Во недела, 19- ти мај, со почеток во 20 часот, охридската публика ќе има можност повторно да ја проследи претставата „Емигранти“, работена по текст на Славомир Мрожек, а во режија на надежната Ирена Стеријовска.

Костимограф е Кристина Мукоска Затуроска, инспициент Филип Ангеличин – Жура, а дизајнот е на Номче Џулески. За сценската изведба одговорен е Борис Велјаноски, а за светлото Зоран Левески.
Картите чинат 100 денари, а можат да се купат секој ден по 15 часот на билетарата од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
OhridNews
					



							






