Во недела на 21 април, вториот круг од локалните избори во општина Струга ќе се прегласува на девет избирачки места.
Ќе се прегласува на избирачките места 1852, 1857, 1860 во Струга, 1877 во населено место Радолишта, на избирачкит еместа 1883 и 1884 во село Октиси, 1904 во Бороец и 1910 и 1911 во село Подгорци.
Во избирачкиот список на деветте избирачки места се запишани 7.885 гласачи.
Зијадин Села кандидатот за градоначалник од ДПА, поддржан и од ДУИ, доби 20.770 гласови, додека кандидатот на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочоски 15.276.












