Во недела од 13:00 часот до 15:00 часот, кај Параклисот на Пресвета Богородица во Струга, ќе се одржи отворена работилница за декорирање на јајца која ќе го означи почетокот на традиционалната манифестација „Највелигденско јајце“ .

Според предвидената програма манифестацијата ќе продолжи во 19 часот, во просториите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, каде ќе има богата програма, а ќе бидат доделени награди за најуспешните експонати.

На овогодинешната манифестација „Највелигденско јајце“ беседа по повод Воскресението Христово ќе одржи отец Стефан Санџакоски, а ќе настапи и хорот „Калистрат Зографски“ и Драмското студио „Миладин“.

OhridNews