Камион „МАН“ со охридски регистарки таблички кој превезувал градежен материјал, утрово на улицата „15 Корпус“ удрил во дупка, при што дел од палетите натоварено со цигли испаднале од возилото и повредиле работници на ЈП „Водовод“ кои во тој момент извршувале работни задачи на местото.

Според првичните информации на надлежните служби двајца работници биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, каде им биле констатирани полесни телесни повреди. Според други извори, пак, неофицијално, во незгодата биле повредени три лица.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски“, за Охридњуз потврди дека е случена несреќа на улица „15 Корпус“, посочувајќи дека во моментов на местото на настанот увид вршат полициски екипи.

Од ЈП „Водовод“ Охрид, исто така, потврдија дека повредените лица се работници на јавното претпријатие.

Г.М.