Од СВР Охрид информираат дека вчера околу 15.30 часот во водите на почетокот на плажата „Фиеста“ во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, откриено било безживотно машко тело.
Портпаролот на СВР Охрид информира дека по извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано било дека се работи за лицето Божидар О. (80) од Прилеп. Тој, според првичните сознанија, имал одредени здравствени проблеми, а смртта настапила при неговото влегување во вода.
Медицинска екипа од Итната медицинска помош од Охрид, констатирала смрт, а на телото на починатиот не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
OhridNews












