Женската ракометна репрезентација натпреварите од Европското првенство во Србија ќе ги игра во салата “Чаир“ во Ниш. Капацитетот на салата изнесува 4 400 седишта, но сеуште не се распродадени сите карти поради скапите блок билети.


Kартите за привилегирани места достигнуваат до 150 евра. Од српскиот ракометен сојуз информираат дека како што ќе одминува времето така цената ќе се намалува и салата “Чаир“ ќе блесне во сиот сјај на ЕП.


Континенталниот собир македонската селекција го започнува со Франција на 4 декември. Потоа следува мечот на 6 декември со Шведска додека групната фаза избраничките на селекторот Гино Стрезовски ја затвараат на 8 декември со репрезентациата на Данска.

Мх.П.